Заев: Владата е подготвена да пренесе нови надлежности кон општините

by Фокус

Премиерот Заев денеска имаше состанок со Управниот одбор на ЗЕЛС, на кој е утврден заклучок за конкретна временска рамка за подготовка на државата за следната фаза за институционална и финансиска децентрализација.

-Владата е подготвена час поскоро да пренесе нови надлежности од централно на локално ниво. Со префрлените 51 милион евра за покривање на долговите на општините покажавме како Влада дека сме фокусирани да обезбедиме функционални локални заедници. Средствата што се предвидени од централно ниво за патишта и за водоводи, дополнително ќе им олеснат на општините, средствата од нивните буџети за овие намени, да ги насочат кон други потреби. Општините можат да помогнат многу во економскиот развој. Потребна е креативност во обезбедувањето средства преку проекти и рационалност каде што е можно. А интеграциите на нашата држава и отворањето на преговорите со ЕУ ќе значат и достапност на европски фондови и повеќе пари и за инфраструктурата, за животната средина, за проекти во социјалната сфера, образованието, културата – рече Заев.

На средбата постигната е согласност од 1 јануари 2020 година да започне фазно пренесување на нови надлежности од централно на локално ниво во областите каде ќе биде оценето дека е тоа можно и потребно.

Поврзани новости