Прванов: Се раѓа антибугарски македонизам, Илиндeнското востание има бугарски карактер

by Фокус

Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов, во интервју за „24 часа“ изјави дека се раѓа антибугарски македонизам во најгруба форма. Според него, дел од проблемот лежи во договорот за пријателство, кој, како што вели, не го решил проблемот со општата историја, како што се случи со договорот меѓу Скопје и Атина. Прванов истакнува дека тој проблем е префрлен врз една комисија која нема мандат за такво нешто.

За мене клучот на решението е да држиме до тоа дека Илинденското Преображенско востание е бугарско по својот карактер, затоа што населнието има бугарско сознание, зашто такви се целите на внатрешната револуционерна организација… Ако тоа се реши, назад во историјата очигледно процесите имаат бугарски карактер – вели Прванов.

Поврзани новости