Заев утре на средба со Села

by fokus 17:32
17:32

Мандатарот Зоран Заев кој најави дека новата влада ќе се објави многу порано од предвидениот рок од 20 дена, утре ги почнува средбите со Алијанса за Албанците, односно со Зијадин Села.

СДСМ денеска има консултации во самата партија, а БЕСА информира дека, работните групи, оформени за преговорите со СДСМ, веќе работат на усогласување на ставовите после вчерашните преговори со партијата на Заев.

- Advertisements -

Поврзани новости