Полицискиот синдикат бара одговорност од Чавков, а сведочење од Нухиу

by fokus 17:15
17:15

Директорот нa Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, да одговара, а министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу да сведочи зошто го оставил Чавков да го води Оперативниот штаб на 27 април, што доведе до потфрлање на интервенцијата на полицијата по упадот во Собранието, побара денеска Независниот полицискиот синдикат.

Реакцијата на Синдикатот е по повод суспендирањето на четрворица припадници на ЕБР, што според синдикатот е хајка против обичните полицајци.

- Advertisements -

Синдикатот побара Чавков и другите раководители од МВР да ја поделат вината за настаните од 27 април.

Вчера и вториот полициски синдикат побара да не се занемари командната одговорност, а случаите против припадниците на полицијата да се водат како поединечна одговорност.

Поради потфрлањето навремено да интервенираат на инцидентот во Собранието на 27 април, од полицијата се суспендирани вкупно 22-ца припадници на МВР. Вкупно 20 полицајци не презеле посатпки за спречување на инциденти, еден вработен во СВР Скопје учествувал директно во нападот врз пратениците, а помошник министерот Небојша Стајковиќ е суспендиран поради тригодишно нефункционирање на системот Тетра кој не ги снимил полициските наредби.

Поврзани новости