Заев со поддршка за Тамара: Да го смениме начинот на кој светот ја гледа силата на жените!

by Fokus

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, преку својот профил на Фејсбук повика да се дадат што повеќе гласови за нашата претставничка, Тамара Тодевска која вечерва повторно имаше феноменална изведба со песната „Proud“.

„Честитки за тимот на Тамара. Ние сме веќе горди на вас. На сите пријатели низ цела Европа гордо им порачуваме да гласаат за број 8 и да ја поддржат Северна Македонија. Ајде да го подигнеме нашиот глас и да го смениме начинот на кој светот ја гледа силата на жените“, напиша Заев.

Поврзани новости