Тимоние: Отпочнување на преговори за Македонија треба да е заслужен подарок

by Fokus

Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние денеска беше во посета на Гостивар за да присуствува на манифестацијата „Ден на франкофонијата“ и притоа се сретна со градоначалникот Арбен Таравари.

На средбата Тимоние и Таравари зборувале за унапредување на соработката.

– Отпочнувањето на преговорите ќе биде добро и за нас, амбасадорите на западните земји. Ние посакуваме отварање на претпристапните преговори. Но, земјата треба навистина да е подготвена за тоа. Така што тоа нема да биде подарок, тоа треба да биде заслужен подарок во вашите раце, додаде Тимоние.

Тој присуствуваше и на деветото издание на манифестацијата „Ден на франкофонијата“ во Центарот за култура АСНОМ.

Поврзани новости