Тамара: Опкружете се со вистински луѓе и секогаш ќе бидете горди

by Fokus

Тамара Тодевска уште еднаш ја воодушеви публиката со својата прекрасна изведба на песната „Proud“ на евровизиската финална вечер во Тел Авив, Израел.

Само неколку минути по изведбата, таа сподели фотографија на својот Инстаграм профил, пренесувајќи ја атмосферата и поддршката од нејзиниот тим.

„Ова се само неколку од луѓето кои направија да се оствари мојот сон. Опкружете се со вистински луѓе и верувајте ми, секогаш ќе бидете горди (Proud)“, напиша Тодевска на својот профил

Поврзани новости