Заев смета дека регионалната соработка ќе донесе напредок во евроатланските интеграции

by Фокус

Премиерот Зоран Заев, на денешниот неформален состанок на челниците од земјите во Западен Балкан во Драч, ја пренесе определбата на Македонија кон интензивна регионална соработка што, според него, ќе го олесни движењето на стоки и луѓе и ќе придонесе кон развој на нови идеи и проекти што би можеле да бидат привлечни за инвериторите од Европа.

-Регионот е насочен кон мир и заедничка иднина во евро-атлантските интеграции. Има позитивна клима за соработка и ова ќе придонесе кон напредок на државите во евро-атлантските интеграции – рече премиерот Заев.

Неформалниот Самит во Драч се одвива во неколку сесии посветени на олеснувања на движењето на луѓе и стоки, транспортна ефикасност и предвидливост, во трговијата, инвестициите и дигиталната економија, како и кон идни проекти што водат кон регионална интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Поврзани новости