(ФОТО) Во ВМРО-ДПМНЕ се слави, се скандира, се пее „Едно име имаме“

by Fokus

Зурли и тапани со музика во македонски мелос се слушаат пред палатата „Христо Татарчев“, седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје. Ја слават победата на нивниот претседателски кандидат.

И внатре во изборниот штаб се слави, се скандира ВМРО, се пее едно име имаме.

Симпатизерите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ и на кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска-Давкова поддржана од оваа партија со знамиња и со факели во рацете се собираат пред седиштето на партијата.

Поврзани новости