Заев: Северна Македонија е подготвена за преговори со ЕУ без одлагање

by Фокус 10:03
10:03

Oва е клучен период за нашата земја и сите напори се фокусирани да се задржи позитивниот дух кај сите земји членки на ЕУ за поддршката за Северна Македонија да ги отвори преговорите со ЕУ, рекол македонскиот премиер Зоран Заев за време на вечерата што ја приреди Федерика Могерини за шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан, по повод учеството на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации.

„По добивањето на кандидатскиот статус за членство во ЕУ во 2005 година, низата на последователни позитивни препораки од Европската Комисија и афирмативните заклучоци на Европскиот Совет во 2018 и 2019 година, како и заради остварените и признаени резултати, Северна Македонија е подготвена да ги започне преговорите со ЕУ без натамошно одлагање“, посочил Заев.

- Advertisements -

Според него, стартот на преговорите ќе биде успех и на Северна Македонија и на ЕУ, како резултат на, како што вели, заедничките остварувања за време на претпристапниот процес.

Поврзани новости