Заев се пофали со пораст на странските инвестиции

by Фокус

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил објави дека според податоците Светска трговска организација, нето-приливите на странските директни инвестиции во земјава минатата година биле за речиси пет пати поголеми отколку во 2012-та.

„Нето-приливите на странските директни инвестиции се зголемиле од околу 131 милиони евра во 2012 година на 621,9 милиони евра во 2018 година, според последниот извештај на Светската трговска организација“, напиша премиерот Заев на Фејсбук.

Неговото име денеска беше во центарот на вниманието на јавноста, бидејќи, според аудио снимките што ги објави Ла Верита, се споменува во разговори меѓу лица инволвирани во случајот „Рекет“, меѓутоа тој реагираше дека неговото име всушност било злоупотребено од страна на Боки 13 за да изгради позиција пред Орце Камчев.

Поврзани новости