Заев: Боки 13 ме злоупотребил за да ја зајакне позицијата пред Камчев

by Фокус

Премиерот Зоран Заев реагира дека првосоомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 го злоупотребил неговото име со цел, како што вели, да ја зајакне својата позиција на моќ и авторитет пред другиот соговорник, односно Орце Камчев.

„Најостро, категорично и одговорно отфрлам било каква поврзаност, соработка или комуникација со осомничениот Бојан Јовановски во врска со случајот “Рекет” и за било какви други прашањата кои се предмет на истрагата за овој случај. Со Бојан Јовановски единствено имам разговарано за хуманитарни активности на неговиот Меѓународен сојуз, после што ниту јас ниту Владата не сме имале никаква натамошна соработка, ниту формална, ниту неформална. Се имам појавено и на интервјуа во 1тв, како што редовно се појавувам на сите други телевизии и медиуми, во интерес на отвореноста кон јавноста“, напиша Заев на фејсбук.

Тој повторно ги повика сите истражни органи во целост да го истражат случајот и да носат одлуки.

„Северна Македонија е подготвена за правда, колку и тоа да е тешко и трауматично. Правдата доаѓа. Секој ќе си одговара за сопствените постапки и тоа во фер, транспарентна и законита процедура. Во изминативе повеќе од две години како премиер, сѐ што правам е само и единствено во корист и интерес на граѓаните на земјава. Бидете уверени дека на непријателите на нашата земја нема да им успее планот преку користење на криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјава, членството НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ“, порача премиерот.

Поврзани новости