Заев: Се надевам конечно ќе почнеме преговори со ЕУ

by fokus

Европа е нашето семејство и очекувано е семејството да ја прифати Северна Македонија која е во срцето на континентот, порача премиерот Зоран Заев денеска на лидерскиот панел на Бледскиот стратегиски форум.

-За нас ЕУ нема алтернатива. Ситуацијата на Северна Македонија е како кога некој сака да биде прифатен од некое семејство на кое отсекогаш му припаѓа, а Европа е нашето единствено семејство. Ние ќе продолжиме понатаму да ја оствариме нашата определба да станеме следна членка на ЕУ за која што нема алтернатива – потенцираше Заев.

Тој додаде дека земјава ги спровела сите реформи предвидени во пристапната фаза за членство во ЕУ и сите критериуми утврдени согласни процедурите за проширување на Брисел.

-Имаме 12 препораки и конечна препорака на Европската комисија со Европскиот совет дека земјата може да ги почне преговорите за членство со организација на првата меѓувладина конференција. Имаме одлични односи со соседите и ги надминавме отворените прашања со што ни се отворија вратите за да бидеме 30-та членка на НАТО. Имаме функционално мултиетничко општество кое ги доби сите признанија и се препознава како модел и пример за другите, и се надевам дека конечно ќе ги започнеме преговорите по поглавјата за членство во ЕУ – порача Заев.

Поврзани новости