Царовска: За секоја општина ќе се одлучува посебно

by fokus

Министерката за образование Мила Царовска рече дека епидемиолози за секое училиште посебно ќе одлучуваат како ќе се одвива наставата доколку се појават случаи на зараза. Како што изјави таа на Сител, целосната слика на целата територија ќе ја следи Комисијата за заразни болести.

-Тие во дневна координација со нас ќе даваат инструкции. Како ќе се движат бројките, но и оптеретувањето на болниците, така ние ќе добиваме инструкции како понатаму. Затоа што многу е лошо да проценувате денеска и да давате стрикни бројки зашто секоја општина е различна. Втора работа е дека болниците имаат различен капацитет, но за тоа се одговорни од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, а ние како Министерство сме подготвени во секој момент да го промениме моделот – рече Царовска.

Таа посочи дека на едно семејство потребни му се минимум 8.000 денари за старт на учебната година.

Поврзани новости