Заев: СДСМ како најдобростоечка партија, најмногу би изгубила од една изборна единица

by fokus

Партијата која ја водам е за модели кои ќе ја унапредат демократијата, затоа сме за една изборна единица, а би поддржале и отворени листи, изјави денеска премиерот, Зоран Заев, на прашање до каде се преговорите меѓу партиите за промена на Изборниот законик.

-Верувам дека со една изборна единица гласот на граѓаните ќе стане подоминантен. Иако СДСМ како најдобростоечка партија најмногу би изгубила, но добива демократијата. Сепак една изборна единица и отворени листи заедно никаде не се спроведуваат, или тоа или тоа – рече премиерот.

На прашање за 17 октомври кога се очекува земјите членки на ЕУ да донесат одлука дали конечно ќе има датум за почеток на преговори, Заев рече дека останува оптимист и покрај последните написи дека Фрација се уште не го променила ставот.

-Будно следиме, на неколку дена сме од историска одлука, не само ние политичарите, туку и граѓаните. Моите очекувања се дека ќе добиеме одлука за почеток на преговори, знам дека земјите имаат свои аргументации, неповрзани со нас, како дебатата што ја води Франција за реформи на ЕУ. Ги почитуваме тие дебати, веруваме дека можеме да помогнеме во поквалитетна ЕУ. Свесни сме дека во заклучоците ќе имаме и имплементација на договорите со Бугарија и Грција, веќе ги гледаме драфт извештаите. И покрај оваа дебата останувам позитивен и оптимист дека ќе имаме одлука за почеток на преговори – рече Заев.

 

Поврзани новости