Заев пред потпишувањето на договорот: Кога имаш верба, храброст и надеж можеш планини да поместиш, со овој договор поместивме планини

by Fokus

Премиерот Зоран Заев на денешното обраќање пред потпишувањето на преспанскиот договор цитираше мисли од Аристотел: „Нема да можеш да постигнеш ништо без храброста“.

„Колку убав и историски ден. Нека ни е со среќа. Кога имаш верба, храброст и надеж можеш планини да поместиш. Со потпишување на овој договор навистина поместивме планина. Денес ставаме крај на еден спор, на повеќегодишни разлики. Тоа беа три децении сериозни грижи за несакани последици. Затоа ние тргнавме по потрга по решение, по достоонствено решение. И стигнавме до тоа. Бевме фокусирани ма градење доверба. Научивме дека треба да учиме од историјата, а не да ја повторуваме. На темелите од минатото градиме иднина – истакна Заев.

Според него, се става крај на еден спор, се става крај на ѕидини кои го рушеа пријателството.

„Ова ни донесе пријател, за кој некој до вчера не убедуваше дека е наш непријател. Грција ќе биде нашиот поддржувач. Во регионот добиваме нова реалност.Да ги отвориме границите за соработка. Да си помагаме како соседи. Обединети опстојуваме, поделени паѓаме – додаде македонскиот премиер.

К.С.

 

 

Поврзани новости