ВО ЖИВО: Потпишување на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името

by Fokus

Следете го во живо потпишувањето на конечниот договор меѓу Македонија и Грција, чиј потпи ќе стават министрите за надворешни работи на двете држави, Никола Димитров и Никос Коѕијас.

На настанот ќе присуствуваат и ќе имаат свое обраќање премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Заедничкиот ручек и средба на делегациите на Македонија и на Грција, како што наведуваат од Владата ќе се одржи во Отешево.

За време на целата церемонија, и во Република Грција и во Република Македонија, ќе присутсвуваат Потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации Розмари Ди Карло, Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија и Заменик-претседателка на Европската комисија, Федерика Могерини,и Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.

Поврзани новости