Заев повика граѓаните да не бидат соучесници во црните сценарија на Иванов и Груевски ВИДЕО

by fokus 17:00
17:00

Апелирам до сите граѓани, ние сме граѓани на оваа наша земја и треба да се носиме со одговорноста како граѓани во најмала рака, да не дозволиме да спасуваме некого од одговорност и од обврската да се појави пред судовите, порача Зоран Заев, лидерот на СДСМ во дебата во емисијата „Отворено“, на Телевизија 24.

„Унитарноста на државата се зајакнува со едно општество, со единство на сите граѓани и со тенденција да ги направиме правата на граѓаните еднакви пред оваа наша земја, Македонија. Вакви поделби кои што се индуцираат и од Ѓорге Иванов кој е претседател на државата и од Никола Груевски кој владее во Македонија, тој ја има власта во Македонија, апсолутно се црно сценарио за Македонија. Да не бидат граѓаните соучесници на тоа што се прави сега во државата“, порача Заев.

Македонија – едно општество за сите е еден од 5-те клучни столбови во програмата на СДСМ, План за живот во Македонија.

Концептот на заедништво, додаде Заев, го поддржаа мнозинството граѓани во Македонија, а разговорите за обезбедување на парламентарното мнозинство беа водени исклучиво на таа основа.

Поврзани новости