Ахмети: Имаме план Б

by fokus

Откако претседателот Ѓорге Иванов одби да го додели мандатот за состав на влада, претседателството на ДУИ закажа седница на која ќе се разговара за формирањето на владата и за уставните можности за конституирање на парламентот.

Лидерот на партијата, Али Ахмети вели дека се работи на план „Б”, но не сакаше да открие што конкретно ќе презема нивната партија во преговорите со СДСМ.  Од ДУИ ќе консултираат и експерти за формирањето на влада и собрание, па потоа ќе донесе одлука.

На новинарско прашање дали треба народот да се плаши од ескалации, тој рече дека политичката криза може да се надмине само со политички средства, а не со протести.

– За евентуална ескалација, ние не треба да се плашиме ниту од политичките партии ниту, пак, од поединци, но сите треба да покажеме одговорност. Политичката криза може да се надмине само со политички средства, а не со протести – рече Ахмети.

Поврзани новости