646
Премиерот Зоран Заев, заедно со своето семејство, во својот дом во Струмица ја исполни граѓанската должност и законска обврска и ја спроведе постапката за попишување.
Според Заев, на овој начин тие станаа партнер во овој процес за да може државата, јавните институции, локалната власт и бизнис заедницата, врз основа на добиените податоци, да обезбедат подобар живот за сите граѓани.
-Остануваат уште 4 дена до крајот на најважната и најсложена статистичка операција. По 20 години, конечно нашата држава ќе добие релевантни и актуелни податоци кои понатаму ќе бидат основа за креирање на реални политики кои во целост одговараат на потребите на граѓаните – рече тој.