Заев од Кичево: По утринското кафе или чајот на 30-ти септември, сите на гласање и после да си ги гушнеме децата!

by Fokus

„Патриот е секој човек кој што тргнува прво од државните интереси, од интересите на нашиот народ којшто нè прави лични калкулации, туку носи храбри одлуки.“ рече вчера вечерпремиерот Зоран Заев на граѓанската трибина во Кичево.

Истакнувајќи ја својата благодарност до сите припадници на останатите и помали етничкизаедници во Кичево за разбирањето при постигнувањето на договорот соГрција, Премиерот Заев посочи дека местото на мултиетничка, сплотена, стабилна Македонија е во ЕУ и НАТО.

„Македонија има потреба од вас граѓаните. Нашите деца очекуваат најмалку тоа што ние сме добиле од нашите татковци. Водење грижа за нашата иднина, наша должност е да им оставиме на сите наши деца повеќе од тоа што нашите татковци ни оставиле. Да им обезбедиме Европска Македонија. Ова е одлука за нашата единствена партија Република Македонија“ рече премиерот, Заев.

Тој потенцираше дека со членството на Македонија во НАТО и ЕУ ќе имаме исто право на глас како сите други светски земји членки во НАТО. Со членството во ЕУ ќе се зголеми помошта од ЕУ, ќе има тројно повисоки субвенции за земјоделие и за храна, ќе пораснат  платите во државата, ќе добиеме директна поддршка за правосудство и за безбедност во државата како и за социјална заштита и еднакви услови за живот во Македонија.

-Нема друга алтернатива, затоа да не ја пропуштиме оваа шанса за европска Македонија, кон која тежнееме. Јас сум убеден дека нашиот народ ќе успее да донесе искрена, историска, мудра одлука затоа што секогаш нашиот народ тоа го правел. Јас знам дека сите сме горди на нашето минато и тоа е наше минато, наша историја но наша должност е да ја обезбедиме иднината.Референдумот е најмоќната демократска алатка. Гласот на граѓаните е конечен, посочи премиерот Заев.

Должност ни е да бидеме граѓани на оваа земја како што треба. Затоа сакам да ве поканам на 30 септември по утринското кафе или чај, после тоа сите на гласање а кога ќе изгласаме да се вратиме дома, да си ги гушнеме децата да им кажеме дека донесовме одлука за нив, обезбедена е нивната иднина и да се радуваме на иднината на Република Македонија. Ајде да и покажеме на Европа и на целиот демократски свет дека ја заслужуваме нивната поддршка и ајде да им покажеме на нашите деца и генерациите што доаѓаат после нас дека сме достојни за одлуката што ќе ја донесеме на 30 септември, излегуваме и гласаме ЗА!“ – порача претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на граѓанската трибина во Кичево.

Поврзани новости