Заев очекува Обвинителството да ја прекине истрагата за „Пуч“

by Фокус 17:38
17:38

Претседателот на СДСМ и четвртоосомничен во случајот „Пуч“, Зоран Заев, денеска даде  исказ пред Обвинителството, при што на записник поднел нова кривична пријава против премиерот Никола Груевски и шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, за кршење на Уставот. Заев рече дека очекува Обвинителството да ја прекине истрагата за случајот „Пуч“.

Со овој исказ завршува истрагата за предметот и сега Јавното обвинителство има неколкумесечен рок со можност за продолжување, да одлучи дали ќе покрене обвинителен акт. Вчера свој искази дадоа и другите осомничени, меѓу кои и првоосомничениот, екс разузнавачот Зоран Верушевски.

- Advertisements -

Поврзани новости