Со овој исказ завршува истрагата за предметот и сега Јавното обвинителство има неколкумесечен рок со можност за продолжување, да одлучи дали ќе покрене обвинителен акт.
пуч
Претставниците на двете најголеми македонски партии на две посебни средби разговарале со европратениците Вајгл, Кукан и Ховит, на кои им ги пренеле своите ставови за излез од политичката криза.
НОВА ТВ дознава дека во понеделник, во Брисел е закажана првата рунда преговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Европските пратеници ќе се обидат да ја смират ситуацијата и по пат на дијалог меѓу најголемите политички партии, Македонија да излезе од политичката криза во која се наоѓа.
„Имаат издадено повеќе од 100 илјади лажни лични карти. Искористиле 9 милиони евра државни пари за изборите; за трошоците за кампања и за директно купување на десетици илјади гласови, кои се во износ од 22 отсто од сите гласови.“
Понатаму во реакцијата на владејачката партија се вели дека наместо СДСМ да се посвети на своја програма, предлози, проекти и идеи за подобар живот на граѓаните, тие се одлучиле да креираат сценарија за дестабилизација на државата, за нарушување на меѓународниот углед и за преземање на власта по секоја цена.
На денешната пресконференција на премиерот Никола Груевски која се одржа еден час по објавувањето на четвртата „бомба“, на новинарско прашање дали после сите случувања со прислушувањето се чувствува загрозено, тој кусо одговори:
-Да, секако.Шестоосомничениот во случајот „Пуч“, вработен во МВР, денеска доби тригодишна затворска казна, откако се спогоди со Јавното обвинителство. Основниот суд во Скопје ја верификувал спогодбата.
-Да зборуваме прво за доказите, а потоа за обвинувањата, доколку се неопходни, па ќе видиме дали институциите функционираат како што треба,- изјави за БИРН американскиот функционер.