Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека верува дека на лидерската средба која треба да се одржи во среда ќе ги најават изборите на 11. демекври.
-Ад хок телото како што знаеме сите, ги знаеме деталите и очекувањата од него, тоа не е крај на светот, и не треба да дозволиме навистина поради една ваква мала причина да се одложат ставовите за заклучоците за исполнување на условите согласно кој ќе биде фиксиран датумот за избори. Јас верувам дека на 31 август ќе објавиме ние претседателите на поголемите партии дека 11-ти декември ќе биде датумот на изборите, рече Заев.
Тој додаде дека се надева дека и овој услов, како и Избрирачкиот список ќе бидат исполнети за на 31 август да се закажат изборите на 11 декември.