Мизерни услови за учениците Македонци во тетовската гимназија

by fokus

Стари проблеми на почетотокот од учебната година за учениците од гимназијата Кирил Пејчиновиќ од Тетово, кои следат настава на македонски јазик, објавува Мета. Тие на 1 септември ќе треба да ја започнат наставата во две оделни згради, под секое ниво за воспитно-образовен процес. Се работи за објекти на Работничкиот универзитет и на основното училиште Гоце Делчев во Тетово.

-Во објектите каде учениците и оваа година ќе започнат да следат настава има несоодветни услови. Мали се училниците, тоалетите се во лоша состојба, инвентарот е во распаѓање, нема ниту компјутери ниту услови за физичко образование – изјави Томислав Стојановски преставник од Советот на родители при тетовската гимназија.

Тој додаде дека надлежните неколку пати ветиле дека ќе се изнајде решение за просторниот проблем, но од ветеното ништо не е реализирано.

Поврзани новости