По повод денешниот празник Пресвета Богородица, општинската организација на Црвен крст Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина организира голема крводарителска акција.
Крводарителската акција започна во девет часот утрово, а ќе трае до 17 часот. Местото на одржување е во Домот на АРМ.
Од Црвен крст се надеваат дека оваа година ќе ја надминат бројката од 242 крвни единици кои беа реализирани при минатогодишната акција.