Заев очекува деблокада од Бугарија во јуни, можна средба со бугарскиот премиер

by fokus

Целиот наш фокус е кон Бугарија со сите нивни институции, пред се претседателот на Бугарија господинот Радев, но и премиерот Стефан Јанев, и министерот за надворешни работи и Парламенгтот и сите институции, се надеваме дека навистна во јуни ќе дадат поддршка да го направиме следниот чекор во интегративните процеси на С Македонија.

Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за односите со Бугарија и дали има некакво раздвижување. Посочи дека комуникации постојат со Софија, а првата средба се очекува следната недела на граничниот премин по повод донација на вакцини за Ковид – 19.

-Јас денеска ќе се слушнам со претседателот, којшто денеска попладнево се враќа, и ќе можам да поразговарам за самите детали, затоа што нашиот министер за надворешни работи Бујар Османи веќе стапи во контакт со министерот за надворешни работи на Бугарија. Пред два дена се слушнав со премиерот на Бугарија, Стефан Јанев и договоривме следни комуникации, рече Заев/

Тој очекува следната недела да се сретнат со Јанев на граничниот премин каде ќе се донираат вакцини.

-Кабинетите сè уште договораат, ќе видиме дали ќе се потврди од двете страни за да преку Црвениот крст се донираат 50 000 вакцини. Овде верувам дека ќе договориме средба помеѓу нас премиерите, министрите, за да работиме на деталите на решението. Како што реков ова е билатерално прашање, две пријателски земји треба да покажат трезвеност и рационалност во името на пријателството, на младите луѓе, на двата братски народи и да го најдеме решението за да може конечно после 16,5 години Северна Македонија да го направи следниот получекор – прва меѓувладина конференција, рече Заев.

Поврзани новости