Заев: Нема заевизам, туку завидлизам за успесите

by Fokus

Нема заевизам, туку има завидлизам за успесите, рече премиерот Зоран Заев на денешниот марш „Еднакви – Можеме“ организиран од Форумот на жени на СДСМ во Скопје, говорејќи за успешните владините политики и за критиките од опозицијата.

Според него, жената не го заслужува само вчерашниот ден, туку сите 365 во годината, а маршот не е за славање, туку е борба за еднаквост меѓу жените и мажите.

Тој го претстави Пендаровски како идниот претседател на државата и рече дека вчера им го честитал 8 Март на сите жени, како и на претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова.

„Тоа е рамноправност, а рамноправност ќе биде и кога таа на 5 мај ќе му ја честита изборната победа на нашиот кандидат за претседател“, рече Заев.

Поврзани новости