Заев најавува датум за преговори до јули, Милошоски му предлага да ги земе Митрева и Река во кабинет

by Фокус

Во јуни, најдоцна во јули, ќе добиеме датум за почеток на преговори со Европската унија, порача премиерот Зоран Заев во парламентот одговарајќи на прашање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

– Тоа повеќе не е е алтернива во зависност од нашите перформанси, бидејќи 100 проценти од нашите обврски ги завршивме, тоа го кажува Европската комисија, сите земји членки комплетно. И тоа е заслуга на сите вработени во администрацијата, на власта и на опозицијата. Ние сме пример во регионот – рече Заев.

Милошоски, пак, истакна дека една од причините зошто веќе не сме добиле датум за преговори е поради тоа што, меѓу другото, премиерот со државни пари плаќа нестручни партиски лица за советници, наместо, како што му предложи, да ги ангажира Илинка Митрева, Блерим Река, Сашо Клековски, Андреј Лепавцов…

-Ако до вчера изговорот за недобивањето на датум беше Атина, сега гледам дека ќе биде Тирана. Бидете искрен пред македонската јавност, бидејќи цела година ја лажете државата дека сме добиле датум, а сега велите дека ќе добиеме наскоро поради околностите – рече пратеникот на ДПМНЕ.

Поврзани новости