Заев: На ВМРО во кодот им е да бидат криминалци, од шверцот со опиум до денес

by Фокус

Навистина успеавме да оствариме вековни соништа на нашите предци, ние сме сега центарот на Европа, имаме парче земја призната од целиот свет, исто како и јазикот и идентитетот, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев на трибина во Кавадарци.

-30 години ниту еден политичар немаше мудрост и храброст да донесе одлука, да повлече потег. Дојдов јас, Зоран Заев од струмичко Муртино, и повлеков потег. Цели генерации се уништија за да можат политичарите да останат на власт, да имаат пари и моќ. Денес, нашата држава е призната од цел свет, впишана во архивите на ООН, а таму пишува Македонци, пишува македонски јазик. Кога зборував на македонски јазик во Европскиот парламент и кога изустив дека ми е драго што можам да зборувам на нашиот македонски јазик, цел парламент аплаудираше и потврди дека нашиот јазик постои. И сега тие се патриоти, а ние не сме? Оние кои го слават Тодор Александров, тие се патриоти? Оние кои го негираат Блаже Коневски се патриоти? Ним во кодот им е да бидат криминалци, од историјата со шверцот на опиум до денес – рече Заев.

Тој ги повика граѓаните на 15 јули да излезат и да ги изберат, како што рече, вистинските патриоти.

Поврзани новости