Мицкоски: Заврши времето на скапи фотелји и автомобили

by Фокус

Заврши времето на политичари елитисти, на скапи автомобили и фотелји, доаѓа времето на политичари кои ќе ги засукаат ракавите и заедно со народот ќе си ја обноват државата, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Крива Паланка.

-Обновата е на 360 страници и тоа е читанка со која доаѓаме пред граѓаните, со повеќе од 1.000 проекти и над 1.000 решенија на проблемите, кои ќе почнеме да ги решаваме по 15 јули – нагласи Мицкоски.

Тој истакна дека обновата е 25 отсто повисоки плати, 20 отсто повисоки пензии и враќање на старото законско решение за два пати годишно зголемување на пензиите.

-Обновата е најнизок данок во Европа од осум проценти и нула отсто данок на личен доход за вработување лица помлади од 29 години, еден универзитет во еден мандат, реформи во здравството, образованието, правосудството. Обновата се 160.000.000 евра субвенции за земјоделците и 50 отсто субвенции за фасади со проектот како до топол дом, но и бесплатен приклучок за гас – рече Мицковски.

Поврзани новости