Касами: Пандемијата ДУИ ќе ја пратиме во историја, законот ќе важи и за нив

by Фокус

Ви гарантираме дека овој економски развој кој веќе се случува, во фокус ќе ја има борбата со пандемијата Ковид-19, враќање на економијата и да продолжиме уште посилно напред, порача лидерот на БЕСА Биљал Касами на митинг во Тетово.

-Но, ние сме сведоци дека за овие 18 години, имавме една пандемија која донесе уште потешки последици. Затоа, по 15 јули, ние ќе успееме и пандемијата на ДУИ да ја испратиме во историјата, и да ги спасиме Албанците и Македонија од оваа опасна пандемија – рече Касами.

Ние имаме потпишана програма и успеавме, истакна тој, дел од неа да бидат четирите столба на Беса.

-Еднаквоста е важна за сите граѓани во нашата земја. Ви гарантираме дека ќе го реформираме судството, дека законот ќе биде ист за сите. Нема да може да има функционери на ДУИ кои пукаат во нашата младина, а денес обвинителството да ги ослободува – рече Касами.

Поврзани новости