Mора да се почитуваат демократските принципи, односно одлуката на околу 700.000 граѓани, порачал претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево на средба со амбасадорот на Република Словачка, Мартин Безак.
-Решение мора да има низ почитување на демократските принципи. Граѓаните на кредибилни избори се изјаснија за промени. Легитимно е формирано новото парламентарно мнозинство од 67 пратеници избрани од околу 700.000 граѓани. Продолжуваме кон избор на нов претседател на Собранието и нова Влада, според мнозинската волја. Никој не смее спротивно на Уставот и на државните интереси да ја загрозува егзистенцијата и стабилноста на граѓаните бидејки се тоа тешки казниви дела, рекол Заев.
На состанокот се разговарало и за итните реформски приоритети што е подготвена да ги реализира новата Влада.