Хан: Некој друг наместо ЕУ се обидува да се наметне на Балканот

by fokus

Ако попуштиме во посветеноста на Балканот, некој друг би можел да се наметне и тој некој тоа веќе се обидува да го направи, порача европскиот комесар за соседска политика и проширување, Јоханес Хан во обраќањето на Универзитетот Принстон.

-ЕУ е најдобрата опција, но сите мора да бидат подготвени да играат. Локалните лидери на Западниот Балкан мора да вложат напори и да го продолжат напредокот. Лидерите мора да покажат политичка волја наместо да играат политички игри. Потребно е да спроведат вистински реформи на терен, посебно во областите на владеењето на правото и конкурентноста што може да ги загрози деловните модели на поединци, но стратешки не постои алтернатива и граѓаните тоа го знаат. Замислете каде би била сега Полска или балтичките земји да не беше проширувањето во деведесеттите години на минатиот век, изјави Хан.

Според него, во регионот на Западен Балкан важно е да се одржи кредибилна и цврста европска перспектива на пристапување на ЕУ за да има потпора за стратешка стабилност и реформи, истакнувајќи дека мигрантската криза покажала дека регионот е веќе енклава внатре во ЕУ.

Поврзани новости