Пратеници на СДСМ и коалицијата донираа за Наташа: Донациите не можат да бидат начин за спас на граѓаните!

by fokus

Дел од пратениците денес ја покажаа својата хуманост и донираа дел од своите пратенички плати, за лекувањето на скопјанката Наташа Николовска, која што неодмна се оперираше од рак на желудник.

Помеѓу пратениците кои што донирале се лидерот на СДСМ Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Стефан Богоев, Љупчо Николовски и уште неколку други.

,,Ова е наш гест како луѓе, а не како пратеници. Ние, група на пратеници, не можевме да го игнорираме апелот за помош на Наташа, самохрана мајка, и со цел да помогнеме, дониравме по половина од своите плати. Јасно ни е дека имаме распаднат здравствен систем. Исто така, јасно ни е и дека донациите не можат да бидат траен начин на решавање на проблемите во здравството. Потребни се големи реформи во системот’’ – ни изјави во телефонски разговор Стефан Богоев.

Тој додава дека парите се веќе уплатени на сметката на Наташа и се надева дека таа ќе има успешно лекување.

Покрај хуманите граѓани, кои што донираа за нејзиниото лекување, и шоуменот и хуманитарец Боки Јовановски вчера најави дека финансиски ќе и помогне, и ќе го доплати остатокот од парите кои што ќе бидат потребни, по затворањето на телефоните за донации. За озонската терапија која што и е неопходна на Николовска, потребни и се 12.000 евра.

Вики Клинчарова

Поврзани новости