Заев ги објави покачените плати на здравствените работници и наставниот кадар во здравството

by Fokus

Ги зајакнавме професионалните капацитети на здравствените работници и овозможивме тие својата иднина и кариера да ја гледаат дома, во нашето јавно здравство, напиша претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Фајсбук.

Лидерот на владејачката партија истакна дека во периодот од декември во 2017 година до февруари во 2020 година се покачени платите на здравствените работници. Притоа објави и суми колку изнесуваат тие во моментот – 111.377 денари за доктори специјалисти, 122.810 денари за наставниот кадар во здравството, 58.991 денари за докторите на медицина, 50.376 денари кај медицинските сестри со Висока стручна спрема, односно 38.182 денари кај медицинските сестри со Средна стручна спрема.

„Вложувањата што Владата предводена од СДСМ ги направи во здравството преку унапредување на услугите за пациентите и работните услови за здравствените работници, овозможија успешно да се справуваме со најголемата светска здравствена криза во изминатите децении. Со ова стана уште повидливо дека здравството е еден од основните општествени столбови. Продолжуваме да вложуваме во одржлив здравствен систем“, напиша Заев.

 

Поврзани новости