Заев: На 27 април се браневме како браќа од налетот на национализмот

by Фокус

На 27 април 2017 година, кога се браневме како браќа, кога бевме под налетот на национализмот, два и пол часа чекавме да падне живот, но заеднички се боревме да се одбраниме, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев на трибина во Гостивар.

-Тие беа со крв во очите и се удираа во градите кој е поголем Македонец, кој Албанец, а сето тоа беше за власт, пари и моќ. 30 години никој не носеше одлуки, но ние имавме храброст и носевме одлуки. Не само за договорите со Грција и Бугарија, туку и за Законот за употреба на јазиците, за зголемување на социјалната помош, за поголеми пензии, за поголема минимална плата, за 12 000 стечајци, за повисока просечна плата, за воведената државна социјална пензија… – порача Заев.

Тој ги повика граѓаните да гласаат за европската и демократската опција на 15 јули.

Поврзани новости