Царовска: ВМРО во програмата предвидува 1.500 денари пониска минимална плата од сегашната

by Фокус 21:36
21:36

ВМРО-ДПМНЕ во својата програма нуди минимална плата од 60 отсто од медијалната плата, што изнесува 13.000 денари, а тоа значи намалување на сегашната минимална плата од 14.500 денари, која СДСМ ја зголеми за 60 проценти за само 2,5 години, истакна носителката на пратеничката листа на СДСМ во првата ИЕ Мила Царовска на Канал 5.

-Зголемувањето на минимална плата за 60 отсто на 14.500 денари директно влијае на квалитетот на живот на најсиромашните, 90.000 работници од трудоинтензивните сектори добија повисока плата. За 5.000 денари порасна просечната плата, стандардот расте, а истовремено ги поддржавме и комапниите за да бидат одржливи – истакна Царовска.

Таа додаде дека сега 120.000 илјади лица добиваат социјална помош повисока за 300 отсто, а за 2,5 години невработеноста е намелана на историски ниска стапка.

Поврзани новости