Заев: Луѓето од дијаспората се афирматори на македонштината и на македонската држава

by Fokus

Лесно е да кажеме дека нема да има двојни државјанства, низ дискурсот на моменталната ситуација со Бугарија. Но, да не заборавиме дека имаме македонска дијаспора насекаде низ светот, коишто се огромни афирматори на македонскиот народ и македонската држава, објави вечерва на Твитер премиерот Зоран Заев.

– Тие се наши сограѓани. Имаат и други пасоши. Во Америка, во Австралија, во Швајцарија, во Германија. Тие се огромни афирматори на македонштината, на македонскиот народ и на македонската држава. Тие се наши амбасадори насекаде, пишува Заев.

Поврзани новости