Заев: Колку порано го решиме спорот за името, толку подобро за сите

by Фокус

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска во Софија изјави дека очекува спорот за името со Грција наскоро да биде решен, бидејќи, според него, тоа би било добро за Скопје, за Атина и за ЕУ.

– Целта ни е до јуни да добиеме датум за преговори со ЕУ. Тоа не значи дека не можеме да го решиме и во март. Колку побрзо толку подобро – оцени Заев.

На новинарско прашање за протестите во Скопје против преговорите за името со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија, тој рече дека „Македонија е демократска земја, во која секој има право да протестира“.

-Владата мора да се грижи за добрите перспективи на сите граѓани – истакна Заев, кој во Софија учествуваше на состанокот на лидерите од Западен Балкан со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Поврзани новости