Првиот човек на чаирскиот огранок на ДУИ, Бекир Асами, за денешниот инцидент кај Трговскиот центар „Мавровски“, каде дошол во конфликт со припадник на полицијата во време кога пајак-служба сакала да го дигне неговото непрописно паркирано возило, добил прекршочна казна.
„Денеска околу 10 часот на крстосниците на булевар “Гоце Делчев” и улица “Филип Втори” во Скопје, при подигање на патничко моторно возило “Ланд ровер” со скопски регистарски ознаки со специјално возило “пајак”, од страна на Б.А. вербално е нападната полициска службеничка, која била на местото на настанот. Бидејќи Б.А. агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот. Со Б.А. е извршен разговор во ПС Бит Пазар и изготвен записник за констатиран прекршок по чл. 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, соопштија од полицијата.
Наспроти тоа, некои медиуми објавија дека дошло не само до вербална туку до физичка пресметка.