Заев: Ќе се сретнам со историчарите пред утрешната средба на македонско-бугарската експертска комисија

by Fokus

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека во текот на денот ќе се сретне со нашите историчари, кои се членови на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни прашања, формирана согласно Договорот за добрососедство со Бугарија.

Во изјава дадена претпладнево по неговото обраќање на Регионална конференција за ефективна социјална заштита, Заев рече дека се уште не се сретнал со нив, но оти во текот на денот ќе има средба.

– Во текот на денот веројатно ќе се сретнеме. Ќе имам средба заедно со претставници од Кабинетот на министерот Димитров и моите советници за надворешна политика, затоа што утре следува средба со Комисијата од бугарска страна, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по конференцијата за ефективна социјална заштита.

Поврзани новости