Заев и нуди на опозицијата да каже дека нема да го попречи договорот со Грција поради ЕУ и НАТО

by fokus

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија Телма ја повика опозицијата да не го опструира евентуалниот договор со Грција, а како аргумент може да и биде непопрачувањето на евроатлантските интеграции на Македонија.

-Ако има договор, тој ќе биде објавен со сите детали и на тој начин граѓаните ќе можат да формираат свое мислење. Сега граѓаните го формираат мислењето врз основа на она што го знаат. Мене ми е значајно, граѓаните кога ќе ги видат сите детали да знаат дека договорот е фер и го јакне нашиот идентитет. Ја повикувам опозицијата и претседателот, ако сме за НАТО и ЕУ чесно е да кажеме дека тоа е можно само со решавање на ова прашање. Јас ќе ја преземам одговорноста. Тие може да кажат дека за да не ги попречуваат ЕУ и НАТО интеграциите не сакаат да прават опстурукции. Ова е прашање на кое ќе видиме кој е навистина за НАТО и ЕУ. Ако сите сме за тоа, миграцијата не сопира дури и при промена на власта. Веројатно е ризикот и тој, политички да завршам. Но, ако и ги отвориме перспектиривте на Македонија, тогаш тоа вреди, рече Заев.

Поврзани новости