Заев и Груевски на средба со советник на Обама се заложија за избори

by Фокус

Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Никола Груевски, денеска се сретнаа со директорот за европски прашања од националниот совет за безбедност на САД, Чарлс Купчан, кој е главен советник на американскито претседател Барак Обама за европска политика.

Од СДСМ соопштија дека Заев истакнал оти особено важно е да се оствари се што е договорено во однос на избирачкиот список и медиумската сфера за да има кредибилни избори кон крајот на годината.

И Груевски, според ВМРО-ДПМНЕ, порачал дека оваа политичка криза трае предолго и затоа, според него, треба да се реши што поскоро преку избори.

Поврзани новости