Иванов: Секоја криза е шанса за нови концепти и визии

by fokus

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска ја отвори Школата за млади лидери што на негова иницијатива по седми пат се одржува во Охрид. На отворањето тој порача дека секоја криза е можност за нови решенија, шанса за нови концепти и визии.

-Времето е такво што секоја област во секојдневниот животот е подложна на промени и бара луѓе кои се иновативни, луѓе кои ќе нудат решенија, личности кои ќе излегуваат надвор од воспоставените догми, теории, пракси. Имате извонредна можност да ги слушнете искуствата, да ги сознаете вештините, не знаењата, туку да ги осознаете начините како да дојдете до применливи знаења што ќе им овозможи уште поголем успех во своите области, во своите средини, им порача Иванов на младите лидери.

На отворањето на Школата на Иванов се обратија и поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов, Исмаил Серагелдин, директор на Александриската библиотека, професорот Зоран Илиески од Правниот факултет во Скопје и Фан Меихуа од Оддделот за човечки ресурси на компанијата „Хуавеј“.

Поврзани новости