Шилегов: Поплавените ќе бидат вистински обештетени по промената на власта

by Фокус

Поплавените жители на неколку скопски населби и села вистински ќе бидат обештетени во декември, по смената на власта, најави опозицискиот портпарол Петре Шилегов, кој на власта и забележа дека на вчерашната вонредна собраниска седница гласале против вистинска помош за настраданите граѓани.

-Заклучоците што вчера ги усвои парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не можат да ги решат бројните проблеми на граѓаните зафатени од поплавите. Ваквите заклучоци, не се ништо друго освен покритие за нефункционирањето на институциите, неспособноста и бегањето од соочување со одговорноста – рече Шилегов.

Поврзани новости