Премиерот Зоран Заев вечерва во гостувањето на Канал 5 откри дека во прислушуваните разговори поранешниот премиер Никола Груевски прифатил Горна и Северна Македонија за севкупна употреба.
-Кога судот би ги објавил разговорите за името, ова не е прв пат да биде прифатено име со географска одредница, ерга омнес. Никола Груевски прифати Северна и Горна Македонија во 2012 и 2013 година, без да биде дефиниран идентитетот, односно без Грција да го прифати идентитетот и јазикот, тоа било оставено да лебди. Грција не го прифати ова решение зашто беше испровоцирана со Скопје 2014. Ова го има во разговорите и првпат го кажувам, рече Заев.
Тој рече дека кога ја објавувал „бомбата“ за преговорите за името овој дел не го објавил за да не наштети на преговарачката позиција на Македонија.