420
Лидерот на СДСМ Зоран Заев, на денешната посета во Штип, рече дека рано е да се откријат кандидатите за изборните листи и дека во моментов партијата води коалициони преговори.
-Ние сме во разговори и преговори со политичките партии за склучување на коалиционо раздвижување, СДСМ и партиите од левицата и од центарот склучија коалиција со граѓаните и тие ќе бидат застапени по нашите листи – рече Заев.
Опозицискиот лидер рече дека откако ќе ги дефинираат коалиционите сојузи, ќе ги соопштат и кандидатите на листите на здружената опозиција.