Заев го повика членството на ВМРО-ДПМНЕ да гласа: Опозицијата нема намера да бојкотира

by fokus

Го имаме денот кој ќе ја означи пресвртницата во нашата змеја. На секој поединец му е дадена шанса да донесе голема одлука, сега е време за одлука, рече премиерот Зоран Заев, на прес конференција која се одржа денеска во придружба на останатите членови на Владата.

На граѓаните им порача да се сетат на референдумот во 1991 година, кога, рече тој, граѓаните донеле голема одлука за својата иднина во независна држава.

-Тогаш народот поучен од историјата докажа дека нема да ги повтори нејзините трауми, дека знае да избере иднина. Секој од нас е должен да ја преземе одговорноста за својата иднина и за иднина на нашата земја. Вашиот глас е ваше право, не дозволувајте некој да го одземе или злоупотреби. Ве повикувам да докажете дека никој не може да ве поколеба  да излезете – рече Заев и посочи дека се обврзува дека ќе го почитува исходот од тој резултат.

-Силно верувам во одлуката на нашите граѓани и убеден сум дека татковината ќе ја биде. Македонија ќе стане членка на ЕУ и АНТО а македонскиот народ вечно ќе биде макеодонски народ и вечно ќе зборува македонски јазик – рече тој.

Тој се обрати и до сите, како што рече, чесни членови на ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека опозицијата сака да ја попречи иднината на земјата.

-Вам вратата ви е отворена. Уверен сум дека нема да дозволите некој да ја држи Македонија во заложништво. Велат дека можат да добијат подобар договор, а имаа десет година да направат договор. Поважно им беше да не држат скарани со соседите и да си играат со стиропор и споменици. Додаваат додавки без да го заштитат идентитеот, тајно преговараат а Македонија ја држ во неизвесност. Не, нема да донесат подобар договор оние кои донесоа од лошо полошо. Бараа референдум со години, а сега срамно го напуштија парламентот и бегаа од одговорност. Ова е време за клучни историски одлуки а не за бегство – подвлече Заев.

Според него опозицијата нема намера да повика на бојкот

-Знаат што ќе значи тоа прво за државата а потоа за нив, за прашање за кое се залагаат. Во оваа мала наша Македонија дури и за таен бојкот ќе знаат сите. Не верувам дека ќе дадат таква задача – рече премиерот.

 

Поврзани новости