Заев фатен како го продава името на пазар во Струмица

by lali

Лидерот на опозицијата и претседател на СДСМ Зоран Заев фатен на дело како го продава името. Репортерите на независните “Вечер” и “Сител” го уловија буквално на дело познатиот предавник како го продава нашето свето име Република Македонија (Скопје) на тезга на пазар. Неофицијално тој бил подготвен да го шитне името за канта сирење и кило урда со пиперки. Но, за среќа на татковината, продавачот ја одби понуда и бараше пари за своите производи велејќи дека “со името не може да ги нарани децата”.

За среќа, камерата на “Сител” се најде на лице место и овој обид за предавство не помина незабележано.

Познато е дека Заев го продава името каде што ќе стигне и вистинска среќа е што имаме власт која се грижи за националните интереси.

– Заев со своето однесување ја ослабува нашата позиција. Ние веќе се пазаривме за Република Македонија (Скопје), а отворени сме за пазарења за комбинации со горна и северна, и не ни е јасно што има сега Заев да шета по пазари – велат извори од кабинетот на премиерот.

Поврзани новости